• :
  • :

Сузбивање на теснолисни и широко лисни плевели во житата

Додадено Март 8th, 2015

Покрај широколисните плевели теснолисните плевели се све повеќе застапени во посевите од пченица. Најчест и економски најважен теснолистен плевел е обична ветрушка (Apera spica venti). Никнува на есен и презимува во фаза на 2-3 листа која фаза е и најпогодна за сузбивање со хербициди. Освен обичната ветрушка во посевите се застапени и дивиот овес,  ливадарка, лисичја опашка. Теснолисните плевели се директна конкуренција на житариците за простор, вода и хранливи материи поради што се намалува приносот. Освен директни штети теснолисните плевело прават и индиректни штети како што се директно заразување со болести, посевите кои се затревени покасно созреваат а плевелите ја отежнуваат жетвата