• :
  • :

прогноза за производство на јаболка и круша по земји и сорти во Европа за 2015

Додадено Октомври 10th, 2015

Повеќе од 300 представници на меѓународната федерација за производство на круши и јаболко  WAPA на 06,08,2015 се собраа на 39 конференција во Мерано Италија. На конференцијата на WAPA е објавена проценката за производство на јаболко и круса за 2015 година.  Во 2015 производството на јаболки во ЕУ ќе биде намалено за 5%, во однос на минатогодишниот принос. Производството на круша ќе биде намалено за 3% во споредба со 2015 год. Во 2015 година приносот ќе биде со висок квалитет имајќи ги во предвид поволните климатски услови и вкупното производство.

И покрај загриженоста за тешките услови на почетокот на минатата сезона преку силни промотивни активности европските земји го продадоа целиот род порано од планираното. Меѓутоа руското ембарго и релативно високото производство резултираше со 20% загуба кај некој од призводителите. Ова се случи и покрај тоа што 250000 тони јаболка се дадоа бесплатно, како и поволниот курс за размена на доларот и еврото со цел да се стимулира извозот.

Прогнозата за количините на произведени јаболка за 2015 година во Европа се 11.974.000 тони што е за 5% помалку од 2014 год. Просечниот принос оваа година е за 7% поголем во споредба со просекот за последните три години. Проценките по сорти се:

  • Златниот Делишес ќе се намало за 5% и изнесува 2.546.000 тони.
  • Гала останува стабилна на 1.331.000 тони
  • Ајдаред ќе се намали за 7% на 1.111.000 тони
  • Црвен делишес ќе се намали за 5% до 644.000 тони

Значајни промрни во други земји на северната хемисвера се : Русија (+4%), Кина (+7,5%), и Украина (+ 16%), а се очекува да се намали производството во САД (- 4%), Швајцарија ( - 4%), и Канада (- 26%)

Прогнозата за производство на круша за 2015 е 2.343.000 тони што е за три проценти пониско од минатата година. . Просечниот принос оваа година е за 6% поголем во споредба со просекот за последните три години.

  • Конференција ќе се намали за 2% и и знесува 934.000 тони.
  • Абате Фетел ќе се намали за 7% и изнесува 334.000 тони
  • Вилијам п.н.е ќе се намали за 5% и изнесува 262.000 тони.

Во други дрзави на северната хемисвера приносот е зголемен и тоа:

САД (+15), Кина (+ 7,5%), Турција (+ 36%), Русија (+6%), и Украина (+7%). Приносот ќе се намали во Швајцарија (-11%)

Prognos fruit European_forecast summary 2015 pdf  ПРЕВЗЕМИ

Превземено од   WAPA (THE WORLD APPLE AND PEAR ASSOCIATION)