• :
  • :

Марулата е во фаза кога е неопходно да се изврши прскање со препарати

Додадено Ноември 22nd, 2014

Високите температури во месеците  Октомври и Ноември  предизвикаа забрзан раст и развој на марулата  садена при крајот на Септември и почетокот на Октомври . Таа сега се наоѓа во фаза пред формирање на главица или лисна розета, што не влијае поволно на понатамошниот развој а во пресрет на ниските температури.

Марулата која е садена под најлон ниските температури ги пречекува неподготвена. Таа не е доволно искалена, така што во никој случај не треба да се затвараат фолиите бидејки нивното затварање ке се одрази штетно врз приносот. Марулата сега е нежна подложна на оштетување и поради високата влажност има појава на пламеница.

Некој сорти добро ги поднесуваат постоечките климатски услови додека некој странски хибриди покажуваат слаба отпорност спрема високите температури и високата релативна влажност во овој период од годината

.

Првата работа е никако да не се врши затварање на фолиите. Треба да се овозможи марулата да се искали како би била поотпорна на ниските температури, а со тоа ке се стопира нејзиниот забрзан раст и прерано стасување за берба. Марулата која ке стаса за берба во вакви услови ќе биде нежна, кршлива, со бледозелена боја и недобар вкус. Воедно со ваквата мерка ке се намали влажноста на почвата и воздухот а со тоа и опасноста од ширење на болести.

Хемискиот третман треба да се изврши деновиве кога температурата на воздухот ке биде околу 10°С.

Третманот треба да се изврши со препаратите:

Aliette Flash  350gr/100l вода

 или          

Verita            350gr/100l вода

 или

Infinito S       140ml /100l вода

+

Mithos           250ml/100lвода

или

Teldor            150ml/100l вода

+

Folicur EW 250   30ml/ 100l вода

+

Conidor SL 200   30ml/100l вода

 или

Proteus OD 100  40m l/100l вода