• :
  • :

Забрусот е повторно активен. Се очекува интензивен напад на стрните жита.

Додадено Ноември 6th, 2014

Zabrus tenebrioides

Возрасните инсекти се појавуваат во време на млечно-восочна зрелост на стрните жита. Се хранат кратко време со недозреани зрна жито, апотоа се повлекуваат во почвата, каде мируваат 1-2 месеци. Во средината на август ја напуштаат почвата се парат и женките полагаат јајца. Кон крајот на август и во текот на септември се пилат ларвите кои се хранат цела есен. ДОКОЛКУ ИМА 5 ОШТЕТЕНИ РАСТЕНИЈА НА М² ЗАДОЛЖИТЕЛНО ТРЕТИРАЈТЕ! Штетите  на житата ги причинува во стадиум на возрасен инсект и ларви.

Најголеми штети прават ларвите кои ги оштетуваат младите насади на озимите жита од септември до крајот на април. НАЈГОЛЕМИ ШТЕТИ НАСТАНУВААТ НА ЗИМСКАТА ПЧЕНИЦА И ЈАЧМЕН И ТОА ПРВЕНСТВЕНО НА ЕСЕН,  а понекогаш кон крајот на зимата и почетокот на пролета. Ларвите покрај стракот на житото бушат вертикален ходник со длабочина до 40цм во кој поминуваат поголем дел од времето. Тиа најчесто во текот  на ноќта излегуваат на површината и ја вовлекуваат внатре и ја уништуваат лисната маса. Од оштетените листови останува само згужвана оштетена нерватура.

Поголеми штети настануваат особено ако есента е блага и долга. Со исхраната и развитокот продолжуваат на пролет до месец мај кога ларвите се повлекуваат во почвата и стата годима се претвараат во кукли на длабочина од 15-20цм. После 2-5 недели во стадиум на млечна зрелост излегуваат возрасните единки. Во текот на годината имаат една генерација. Презимуваат во облик на ларва.

Мерки на заштита

Агротехнички мерки

Примена на плодоред 

Хемиски мерки

се применуваат веднаш после никнење на житата кога ќе се утврди дека на 1м² има во просек 5-6 нападнати растенија.

Се употребуваат препаратите на база на,

Chlorpiriphos 500g/l + Cipermetrin50g/l (Nurel –D)                1.5 l/ha

Thiacloprid 100g/l +Deltametrin10g/l       (Proteus 110 OD)  0.8 – 1l/ha