• :
  • :

ГРАНУЛИРАНИ ЃУБРИЊА NOVATEC (НОВАТЕК)

Додадено Јануари 12th, 2016

NOVATEC (НОВАТЕК) се гранулирани ѓубрињаво кои е додаден DMPP, кој претставува специјален нутрификационен инхибитор (инхибитор на нитрификација). NovaTec гранулираните ѓубрињасе добиени со употреба на двете најсовремени и најрепрезентативни технологии за производство на минерални ѓубриња во светот. Bлагодарение на нивната дополнителна стабилизација со DMPP инхибиторот, НОВАТЕК ѓубрињатасе вредна алатка во рацете на земјоделците за подобрување на квантитетот и квалитетот на засеаните култури, како и за минимизирање на загубите на азот, а со тоа и заштита на животната средина. Додадениот DMPP се вклучува директно во циклусот на разложување на азотот при што се постигнува забавување на процесот на претварање на амоњачниот азот во нитратен азот (нитрификација).
               Намалувањето на загубите на азот, се постигнува преку забавување на исхраната. Така, НОВАТЕК освен очигледни економски придобивки поради кои доаѓаат од користењето на помала количина на азот, на земјоделците им носи придобивки и поради тоа што во себе содржи азотот којшто е повеќе и полесно достапен за растенијата. Дополнително, НОВАТЕК исто така придонесува кон намалување на опасноста од создавање на водонепропуслив слој на почвата или нејзино презаситување (загадување) со нитрати.                Ефектот на DMPP е обратнопропорционален од температурата, односно тој се намалува со зголемување на температурата. Поради оваа причина количеството на азот достапен за растенијаta, се зголемува соодветно на потребите на растенијата, кои исто така се зголемува со зголемувањето на температурата. Поради силно киселата реакција на DMPP и подолготрајното присаство на амоњачен азот во почвата, доаѓа до благо намалување на pH вредноста на почвата во кореновата зона. Како резултат na toa кај растенијата се јавува зголемено внесување на фосфор и елементи во трагови (особено во почвите со алкана pH вредност). Предности на НОВАТЕК се: 
  • Висококвалитетно, комплексно NPK ѓубре, со елементи во трагови
  • Одлично и непречено снабдување со азот
  • Зголемување на амоњачната исхрана.
  • Намалување на загубите на азот.
  • Заштита на почвата и подземните води од нитрати
  • .Намалување на нитрати во деловите на растенијата кои служат за исхрана.
  • Подобрување на апсорпцијата (впивањето) на фосфор и елементи во трагови.
  • Подобар квалитет, повеќе производи со помалку ѓубрења (количински се користи за 30% помалку во спореба со други гранулирани ѓубриња).
  • Совршени, воедначени, обоени гранули, без присаство на дополнителна носечка материја (нема прав).

Начин на продолжено делување

Со делувањето на инхибиторот на нитрификација (3,4 DMPP) искористувањето на азотот во почвата се зголемува 4- 10 дена

 

 NovaTec® CLASSIC 12-8-16 + 3% MgO + 25% SO3