• :
  • :

Амино киселински состав на киселото млеко

Додадено Февруари 13th, 2016

Аминокиселините  се основни градежни единици на белковините и се неопходни за човечкиот метаболизам. Нашиот организам ги обработува белковините така што во дигестивниот тракт белковините за разградуваат на помали единици - амино киселини, кои со помош на крвта се разнесуваат до местото на искористување каде што повторно се соединиваат во белковини кои му се потребни на организмот.

Амино киселините се делат на есенцијални и неесецијални. Единствено растенијата се способни да ги произведуваат сите амино киселини. Човекот може во својот организам да произведе само некој амино киселини ( неесенцијални), додека останатите мора да ги внесе во организмот со храната и тие амино киселини се нарекуваат есенцијални (битни) амино киселини.

Неесенцијални амино киселини се : alanin, asparagin, asparaginska kiselina, cistein, glutamin, glutaminska kiselina, glicin, prolin, serin i tirozin.

Есенцијални амино киселини се : arginin (неопходен на младите но не и на возрасните), histidin, izoleucin, leucin, lizin, metionin, fenilalanin, treonin, triptofan i valin.

За правилно формирање на белковините потребно е низ исхраната да се внесуваат сите есенцијални амино киселини. Недостигот само на една есенцијална амино киселина во исхраната делува штетно на здравјето.

Амино киселините се неопходни на секоја клетка во организмот. Како основни состојки на белковините потребни се за градба и обнова на коскестото и мускулното ткиво, органите, кожата, лигаментите, косата и ноктите. Имаат улога при создавањето на хормоните, ензимите, и невротрасмитерите. Имаат битна улога во физичкиот и психичкиот развој на организмот на човекот.

Основна причина за недостиг на амино киселините е неадеквтна и неправилна исхрана. Се почеста е појавата на неправилен раст и развој на децата, појава на болести и заболувања кои се директно предизвикани од дисбалансот на аминокиселинскиот состав.

Извор на аминокиселините представуваат и пререаботките од млеко. На пазарот се све поприсутни растителните преработки на млечните производи кои во својот состав не содржат ништо од она што му е потребно на организмот. Кај овие растистелни преработки производот е добиен по синтетски, хемиски пат и по својот состав далеку се разликува од вистинскиот производ добиен по природен пат со фермантација. Како основен параметар за тоа дали е нешто добиено по синтетски или природен пат е цената. На пример во Македонија вистинско сирење нема за цена пониска од  220 денари по килограм. Внимателно прочитајте ја декларацијата.

Значајно е и кои култури се употребуваат при ферментацијата на млечните производи.

Последните години сведоци сме на наплив на проибиотски кисели млека и јогурти. Некои од нив иако на вкус се добри по својот состав се далеку од она што би требало да соржат.

Во 2011 год од страна на МАНУ се направени аминокиселински анализи за кисели млека потквасени со различни стартер култури од различни производители,  HANSEN, LACTINA и DANISCO. (табела)

После ферментацијата односно вториот ден од направената анализа се гледа дека вкупниот број на амино киселини е различен кај трите производители и се движи од 11,6 – 37,4%.

Вкупниот збир на амино киселини е најголем кај LACTINA и изнесува 37,34. Уште позначајно е учеството на есенцијални амино киселини во вкупниот состав и изнесува:

Treonin      0,96%

Valin          0.81%

Metionin    0.09%

Lizin          2.42%

Arginin      1.34%

Или вкупно 8,24 од вкупниот состав од  37,34% на аминокиселини. Ваквиот состав на киселото млеко произведено со матичните култури на LACTINA му дава доминатна улога на киселото млеко како извор на есенцијални амино киселини.