Присуство на теснолисни и широколисни плевели,  кај житариците влијаат на намалување на квалитетот на приносот. За контрола на плевелите се одлучуваме врз основа на прагот на економска штета или критичен број на плевелите. Плевелите се непожелни бидејќи се конкуренти за вода, храна, светлина и директно го намалуваат приносот кај житариците.

Тие предизвикуваат и индиректни штети како што се: полегнување на посевите, поинтензивен напад на болести, покасно дозревање, намалување на вредноста на производот, отежната жетва, алергии дерматитис кај домашните животни.

Освен тоа што е битно да се распознаваат плевелите, исто така битно е да се знаат нивните биолошки карактеристики, како време на поникнување, економски праг на созревање. Со тоа употребата на хербицидите е во оптимално време и се добива најголема ефикасност.

Битен фактор во производството на житарици за добивање високи приноси и висок квалитет покрај, сортата, технологијата на производство, климатските и почвените услови, заштитата од плевели представува и заштитата од болести и напад од штетници.

Првата заштита од болести започнува со третирањето на семето. Првиот фолијарен третман се врши напролет при појава на првите симптоми. За некои болести, фунгицидите треба да се употребуваат превентивно, пред појавата на инфекцијата.

Првата заштита со фунгициди, во голема мера го одредува понатамошниот развој на посевите. Болестите ја намалуваат зелената лисна површина а со тоа и акумулацијата на храна од страна на растението а со тоа и појава на некрози и изумирање на самото растение. Најважните листови кои треба да се сочуваат се 2 и 3 лист како и листот заставичар.

Кликни на тука за детални информации.