Доматот и пиперот се одгледува во текот на целата година во заштитен простор и на отворено во полски услови. Ваквиот начин на одгледување овозможува создавање на посебни услови за развој на голем број болести и штетници, поради што е неопходно нивно сузбивање во текот на целата година. Голем број од причинителите на болестите и штетниците се одржуваат во почвата. Некои од нив се пренесуваат со семето, а некои се наоѓаат во или на други културни растенија или растенија од спонтаната флора, од каде преоѓаат и на доматот во текот на вегетацијата. Според тоа заштитата на доматот е прилично сложена, перманентна и бара дисциплина во нејзиното изведување.

За време на производството на расадот и пресадувањето значителни штети можат да направат голите полжави и ровците. За нивно сузбивање се користи Mesurol® Granulat во доза 300 - 500 g/1000 m2 (3 – 5 g/10 m2) или приближно 3 – 4 гранули (зрнца)/m2;. При пресадувањето на расадот гранулите се расфрлаат во редовите, во ленти широки 3 - 5 cm, по 1 - 3 зрнца на должински метар. Во леите или во посевите, се практикува да гранулите се расфрлаат попладне или одвечер. Во стаклениците и пластениците гранулите да се расфрлуваат по површината на почвата околу растенијата. При расфрлувањето на гранулите да се користат заштитни ракавици.

При производството на расад комплекс од габи причинуваат полегнување или топење на расадот. Некои од нив се пренесуваат со семето, а некои се наоѓаат во почвата. За уништување на габите што се пренесуваат со семето се изведува дезинфекција на семето со негово потопување од раствор од 15 ml од препаратот Previcur Energy®  SL во 2 - 3 литри вода за 1 kg семе за време од 20 минути или со запрашување на семето со препаратот Antracol® WP 70 по методот на предозација.

Дезинфекцијата на почвата или смеската за производство и за пикирање на расадот се изведува со залевање со 40 - 50 литри/100 m2; (4 - 5 литри/m2;) раствор од 200 ml Previcur Energy SL во 100 литри вода. Oваа дезинфекција може да се изведе многу порано и почвата, односно смеската да се чува до употребата.

 Дезинфекција на почвата, односно смеската може да се изврши и со Antracol® WP 70 во доза од 500 до 600 g/100 m2, односно 50 - 60 g/10 m2, непосредно пред сеидбата, односно пикирањето, со плитка инкорпорација.

Заштитата на расадот од причинителите на полегнувањето после никнењето се изведува со залевање со раствор од

 

Previcur Energy SL 150ml

+

 Folicur EW 250  30ml

+  

Confidor® SL 200   30 ml во 100 литри вода.

 

Користејќи 10  литри од овој раствор на 2,5 - 3 m2. Расадот се полева а потоа се измива со чиста вода во количина од 5l  2.5-3 m2 со цел да препаратите навлезат во почвата.

За едновремено сузбивање на лисните вошки, трипсите и белокрилката кај расадот, на овој раствор се додава препаратот Confidor® SL 200 во доза 30 - 50 ml, Расадот се полева а потоа се измива со чиста вода во количина од 5l 2.5-3 m2 со цел да препаратите навлезат во почвата.

 За сузбивање на лисните вошки, трипсите и белокрилката може да се употреби и препаратот Decis® 2,5 EC во доза од 50 до 80 ml во 100 литри вода за 1000 m2, односно 5 - 8 ml/10 l вода/100 m2.

Патогените габи по стеблото и лисјата кај расадот се сузбиваат со некој од препаратите: Folicur EW 30 ml/100 литри вода, или Antracol® WP 70 во доза од 250 g/100 литри вода, или пак со Antracol®Combi од 200 до 300 g/100 литри вода.

 За сузбивање на бактериските болести по расадот се употребува Antracol® Cu во доза од 300 g/100 литри вода, односно 30 g/10 литри вода. Сузбивањето на лисните вошки, трипсите и белокрилката се изведува со Confidor® SL 200 3 - 5 ml/10 литри вода, или Decis® 2,5 EC 5 - 8 ml/10 литри вода. На тој начин се сузбиваат овие штетници и како вектори на вирусите. Овие прскања на расадот во леите се изведуваат на 10 - 14 дена.

Непосредно пред расадување на расадот, против габните болести и штетниците како вектори на вирусите, се изведува полевање на расадот  со комбинација од

Previcur Energy SL  150 ml

+

Folicur EW 250        30ml

+

Confidor® SL 200   30 ml/100 литри вода

 

Користејќи 10  литри од овој раствор на 2,5 - 3 m2. Расадот се полева а потоа се измива со чиста вода во количина од 5l 2.5-3 m2 со цел да препаратите навлезат во почвата.