Како и ниските температури кои предизикуваат оштетувања на растенијата така и високите температури можат да предизвикаат штети. Додека за ниските температури кои се манивестираат како измрзнатини  сме делумно припремени и преземаме одредени мерки на заштита, оштетувањата од високи температури можат да се јават и манифестираат на повеќе начини. При тоа симптомите кои се манифестираат добиаат сосема погрешна дијагноза како пламеница или трахеомикози.

Оштетувањето од топлотен удар настанува наеднаш при релативно ниска температура на воздухот и ниска релативна влажност. Пропаретен е со силно воздушно струење кое трае неколку минути. Ова воздушно струење делува како фен и носи неколкупати повисока температура на воздухот од онаа која владее надвор. Симптомите се манифестираат во рок од половина час со што растенијата наеднаш овенуваат, краевите им подгоруваат и во рок од неколку часа оштетеното ткиво некротира се суши и рони. Претежно се зафатени младите делови од растението посебно младите листови кај кои оштетувањата се видливи многу брзо. Поленот станува стерилен и недостасува оплодување и плодоносење во покасните вази од развој. Сиптомите се најизразени по краевите на посевот а како се навлегува во внатрешноста не се забележуваат никакви морфолошки промени на растенијата. Ваквото манифестирање на топлотниот удар е еден од начините да се постави дијагноза на состојбата на посевот. Најчесто оваа појава останува не забележана или промените најчесто се препишуават на некој патоген. Не постои ефикасна мерка како би се предвидел и превземале мерки од топлотен удар, но заздравувањето и понатамошните мерки за подобрување на состојбата на посевот, многу зависат од навременото и правилно препознаање на оваа појава.