Во изминатите години се наметнува прашањето што да се сее како замена за во моментов недоходовните житарици. Во струмичкиот регион заради намалената профитабилност на одгледување домати а високите трошоци за нивно производство се повеќе земјоделци се одлучуваат даматот да го заменат со зелка и индустриска пиперка која ја одгледуваат во заштитен простор. Индустриската пиперка може да се одгледува и на отворено на големи површини со механизирани операции. Сорти кои се застапени се Куртовска капија, Паланечко чудо, и Слоново уво.

Пазарот во последните години пројавува голем интерес за индустриска пиперка но за жал и покрај поволната цена се јавува недостиг од индустриска пиперка така што годинава беше побарана дозвола за увоз на индустриска пиперка од странство заради недостиг на Македонскиот пазар.

Пред да се пристапи кон одлука која сорта ќе биде засадена треба прво да се утврди каде таа ќе се пласира и за која намена. Дали ќе оди за идустрија или ќе оди на зелените пазари за производство на ајвар.

 

Потребни услови за производство на индустриска пиперка,

Почва,

Најдобри почви за одгледување на индустриска пиперка се лесни, песокливи  и алувијални со неутрална до благо кисела реакција.

Светлина,

Бара светлина, минимално се потребни  8000 лукса.  При недостиг на светло се продолжува вегетативниот период а се намалува приносот.

Вода,

Има големи потреби за вода, недостигот на вода доведува до исфрлање на плодовите, растенијата растат пополека а плодовите се деформирани. Потребите од вода се различни во различни фази од вегетација.

Температура,

Семето рти на минимална температура од 14 – 15 °С. Оптималната температура за ртење и никнење е 25 – 28 °С. На минимална температура семето започнува да рти за 18 – 20 дена додека на оптимална температура за 9 – 11 дена. Оптимална температура за раст е 22 -25 °С. На температура под 15°С растенијата престануваат со раст.

Во наши услови индустриската  пиперката се одгледува од расад. За рано производство ( во заштитен простор) расадот се произведува со греење а за касно производство на отворено расадот се одгледува без греење. Од голема важност е сеидбата да се изврши на време. Сеидбата на семето треба да биде извршена така да расадот кога ќе статса за расадување да не биде прераснат. Сеидбата се извршува во месец март-април. Пикирањето се извршува на 20 - 30 дена од сеидбата. Расадувањето на стално место е 45-60 дена од сеидбата. За рано производство се одгледува со пикирање а за касно без пикирање.  

Семе и производство на расад,

Бидејќи се работи за сорти семе кои не се третирани задолжително да се спроведе запрашување на семето со метод на предозација со некој препарат на база на манкозеб или со Previcur Energy.  Подобро е да се изврши третирање со Previcur Energy бидејќи препаратот дава посигурна и подолга заштита од болести во првите фази од развој на растението кога и е најосетливо.

За производство на расад за еден хектар потребни се 1,2-1,5 кг семе. Се сее во редови на растојание 8-10 Х 2-3 см, што представува 400 -600 растенија на м². За рано производство може да се сее во коцки 7Х7Х7 см.  За сеидба на еден метар квадратен леа потребни се 5-10 гр семе.

Со појавта на котиледонските ливчиња температурата на воздухот треба да биде 15 -16°С дневната и 12-14°С ноќната. Влажноста на почвата треба да се намали а и треба да се обезбеди доволно светлина. Доколу расадот е покриен треба да се открие како би се избалансирале температурата- влагата- светлината. Тоа значи дека веданш по појавата на котиледоните теба да се открие расадот како би добил доволно светлина, да се намали температурата и да се засуши почвата. Со тоа ке му се овозможи на растението да ја развие кореновата ситема бидејќи со засушувањето коренот ќе биде во потрага по вода и ќе се развива надолу, а ниската тимпература и светлината ке оневозможат расадот да се исцигли и прерасне. Со тоа расадот го правиме и поотпорен на полегнување.

 

Заштита на расадот (превземи)

Припрема на почвата пред расадување,

Длабоко орање и ѓубрење,

Со длабокото орање на есен се внесува и 40 t/ha шталско ѓубре. Со ова орање се внесува и YaraMila 6-12-24  100 -150 кг на хектар. Напролет се извршува плитко орање или тањирање и се внесува преостанатото количество на вештачко ѓубе YaraMila 6-12-24  200- 350 кг на хектар.

Пред расадување или после расадување се третира со хербициди против тесно лисни и широко лисни плевели. По правило најдобро е пред расадување да се третира со почвени хербициди против широко лисни и тесно лисни плевели, а после расадување да се третира доколку има потреба само се хербициди против тесно лисни плевели. Не се препорачува употреба на хербизциди против широко лисни плевели после расадување во вегетација бидејќи истите и нанесуваат штета на пиперката. ( може да се јави фитотоксичност или растенијата заостануваат со порастот).

Расадување,

Расадот се изнесува на поле кога времето ќе се стопли и ќе помине опасноста од доцни пролетни мразеви. Температурата треба да биде над 15°С Расадот се расадува во месеците април – мај. Најдобро е кога расадувањето се извршува при тивко и облачно време.

Расадот за пикирање не треба да се корне туки треба да се извади со лопатка и на него да остане малку земја. Заради тоа еден до два дена пред расадување леата се залева совода и со раствор со средстава за заштита против болести и штетеници.

За машинска сеидба не може да се употреби издолжен исциглен и прераснат расад. Во зависност од начинот на одгледување и наводнување  пиперката се сади на бразда или на рамна површина.  

Садењето на рамна површина се применува кога се сади на поголема површина и се полева со вештачки дожд. Се сади рачно или машински на растојание од 60 сантиметри меѓу редовите и 30 сантиметри во редот. (60-75 Х 15 -25). На ваков начин можна е и механизирана нега на посевот.

Број на растенија на хектар изнесува 60000 – 66000 растенија на хектар. За производство на еден хектар расад потребно е 100 -120 m² леи со просек 500 здрави и јаки растенија на 1 m²

Нега,

Пиперката тешко се прифаќа после расадување и одреден број на растенија ќе се исушат како последица на напад од некој штетници или недобро садење. Неопходно е веднаш да се пресадат со други здрави растенија. Штом растенијата ќе се прифатат после 15 дена се извршува првото окопување. Во текот на вегетацијата се окопува 2-3 пати во длабочина од 3-5 см за да не се повредат жилите кои се наоѓаат во површинскиот слој од почвата.

Наводнување,

Прв пат се наводнува со расадувањето а потоа по потреба. Во почетокот не се потребни чести наводнувања а покасно како расението расте наводнувањата зачестуваат во зависност од климата, врнежите и температурата. На песокливи почви се наводнува почесто а на потешки  поретко. Орјентационо потребни се 300 -400 m³ вода на хектар. Може да се наводнува преку бразда, со вештачки дожд или систем капка по капка.

Ѓубрење во тек на вегетација,

Начинот на ѓурење во текот на вгетаација како и изборот на ѓубрива во најголема мера зависи од начинот на наводнување.

 

Приносите се движат во зависност од сортата од 40 -50 t/ha