Монилија или сушење на цветовите и младите изданки (Monilia laxa)

 

 

Оваа болест може да биде многу опсна за костенливото овошје.

За време на цветањето доаѓа до зараза на цветот низ толчникот во плодникот каде што се развива мицелијата. Од цветот мицелијата се шири на младите изданоци. Габата лачи токсини кои се спроведуваат низ спроводните садови флоемот. Токсините се причина за сушење на младите гранчиња. При дождливо време болеста добива на интензитет.

Кај некои осетливи сорти можат да се исушат изданоците во должина од 30-120цм, додека кај некој помалку осетливи се сушат цветовите и врвовите на изданоците.


Monilia laxa е габа која преку раните може да ги инфицира и плодовите. Раните на плодовите можат да бидат од механички оштетувања, пукање или да се настанати од инсекти или птици.

Симптоми,

Првите симптоми се забележуваат на цветовите кои се сушат а на изданоците се јавуваат рани од кои се појавува смола и тие се сушат.

При садење на осетливи сорти треба да се избегнуваат непроветрени и влажни местоположби. Ѓубрењето со азот треба да биде балансирано. Во насадот во кој има појава на болеста треба да се отстранат сите заразени остатоци. Со резидбата треба да се обезбеди проветрување на растението.

 Заштита

1. третирање

2. третирање

3. третирање

 Почеток на цветање 5-10% отворени цветови

Цветање се третира пред да заврне дожд

Крај на цветање

е третира пред да заврне дожд

     

Teldor 1 L/ha

Teldor 1 L/ha

 Teldor 1,5 L/ha


Teldor SC 500 

Се употребува 0,5 л на хектар на 1м висина на крошна.  Одлично ја сузбива  (Monilia laxa) , како и причинителот на гниење на плодовите  (Monilia fructigena).

 Flint Max 

Да се интервенира превентивно со нанесување на доза 20гр/100л вода (300 гр/ха), на почетокот на цветањето на интервали од 12 – 14 дена, и  седум дена пред берба.

Третирано со Flint Max и Folicur