Во текот на 2015 година кај ориз  (Oryza sativa L.) сорта San Andrea  спроведен е полски опит  по метод на „Цаде“ (Zade) со четири варијанти или третмани, од кои една е контрола. Големината на една варијанта е 100 m2. Во првата  варијанта е испитувано фолијарното  дејство на  ѓубривото HERBAGREEN, во втората фолијарното дејство на  MEGAGREEN  и во третатата варијанта комбинираното дејство од HERBAGREEN+ MEGAGREEN во споредба со варијантата Контрола, во која што е применет стандарден или вообичаен начин на ѓубрење. Во контролата и во испитуваните варијанти со фолијарно прихранување  за основно ѓубрење пред сеидбата на оризот е употребено 500 kg/ha NPK (16:16:16 односно 80 kg/ha активни NPK)  и за прихранување 150 kg/ha Urea 46 % N или 69 кg/ha  активен N.

Ѓубривата HERBAGREEN и MEGAGREEN се  применети за фолијарно прихранување  во време на вегетацијата  на оризот . Варијанти во опитот се:

 

  1. HERBAGREEN- двократно фолијарно третирање во време на вегетација со 2,5 kg/ha ( односно концентрација од 0,5% раствор од ѓубрето и тоа на ден 14.07 2015 и вторпат ( десет дена после првото прихранување), односно на  ден 24.07 2015 година);
  2. MEGAGREEN - двократно фолијарно третирање во време на вегетација со концентрација од 0,5% раствор од ѓубрето и тоа на ден 14.07 2015 и вторпат исто десет дена после првото прихранување, односно на ден 24.07 2015 година);
  3. HERBAGREEN+ MEGAGREEN и тоа двократно фолијарно третирање со ѓубривата и тоа првото третирање со HERBAGREEN во концентрација од 0,5% е на ден 14. 07 2015 година,  а три дена подоцна (17.07) е извршено третирањето со 0,5% раствор од MEGAGREEN, и второто третирање со истите ѓубрива и истите концентрации е извршено на 24.07 2015 и на 27.07 2015 година.  
  4. КОНТРОЛА- стандарден или вообичаен начин на ѓубрење

 

На ден 25 мај 2015 година е закиснато семе од сортата San Andrea  и тоа по 500 семки- зрна  од ориз  по m2  или по 25 kg/da, а сеидбата на оризот е извршена на ден 26 мај и при тоа е применета   рачна распрсната сеидба во вода. На ден 05 јуни 2015 година е забележана фазата на никнење на оризот во испитуваните варијанти.  

На ден 24 јуни опитите се третирани со хербицид и тоа со доза од 2 l/ha + 3  l/ha Basagran (или 120 ml Rainbow +150 ml Basagran на пумпа).  После хербицирањето, а по добро развиена лисна маса во месец јули е извршено фолијарното прихранување  со испитуваните ѓубрива  HERBAGREEN, MEGAGREEN и комбинација од овие две ѓубрива (Прилог фотографии од фолијарното третирање со испитуваните ѓубрива).

На крајот од вегетацијата во време на жетвата на оризот  мерена е висината на стеблото и на растенијата и должината на метличката и тоа на вкупно 30 растенија (по 10 случајно избрани растенија од секое повторение). Одреден е бројот на продуктивни и непродуктивни братимки по m2, биолошки принос (слама + зрно), принос на зрно и слама по m2  и на хектар, а во лабораторија е одредена хигроскопската влага на зрното, апсолутната маса (тежина на 1000 зрна) на зрното, хектолитарската маса и рандманот (процентот на цели зрна) при белењето на суровиот ориз (арпа).  Жетвата на оризот во испитуваните  варијанти е извршена на ден 4 ноември 2015 година.

 

 ДОБИЕНИ РЕЗУЛТАТИ

 

Добиените резултати од спроведените истражувања за влијанието на ѓубривата HERBAGREEN, MEGAGREEN и нивното комбинрано дејство врз некои морфолошко- биолошки,  производствени и квалитетни својства по повторувања и нивниот просек  се прикажани во Табелите:1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7. Резултатите не се анализирани статистички, но се споредувани во однос на контролата која е земена за 100%.

Од Табела 1 може да се види дека просечната висина на стеблото во испитуваните варијанти е помала во однос на контролата и изнесува: Контрола (К)-99,13cm (100%)   Herbagreen (H)-94,70 (95,53%) Megagreen (M)-95,97cm (96,81%) Herbagreen+Megagreen (H+M) - 94,77cm (95,60%).

Просечната должина на метличката (Табела 1) во споредба со контролата е поголема и изнесува: К-15,43cm (100%)   H-15,67 cm (101,56%) M-16,50cm (106,93%) H+M- 16,33cm (105,83%).

Просечната висина на растенијата кај оризот во испитуваните варијанти изнесува: К-114,13cm (100%)   H-110,77 cm (97,06%) M-112,67cm (98,72%) H+M- 110,83cm (97,11% , Табела 1). Просечната висина на растенијата во испитуваните варијанти е незначително помала во споредба со контролата и тоа: H-2,94%, M-1,28% и H+M- 2,89%.

Од резултатите прикажани во Табела 2 може да се види дека бројот на продуктивни братимки по m2 (просечни вредности) во испитуваните варијанти изнесува: К-311,33 (100%)   H-296,67 (95,29%) M-361,67 (116,17%) H+M- 310,00 (99,57%). Највисок просечен број на продуктивни братимки по m2 е постигнат во варијантата каде оризот фолијарно е третиран со ѓубривото Megagreen.

Што се однесува пак, до бројот на непродуктивни братимки по m2 (зелени метлички, црвен ориз или други сорти) во испитуваните варијанти изнесува: К-2,67, H-0, M-1,67  и H+M- 11,33, значи  најголем број е добиен во варијантата фолијарно третирана со Herbagreen+Megagreen, а најмал во варијантата третирана со  Herbagreen (Табела 2).

Хигроскопската влага на зрното во време на жетва и вршидба на оризот (просечни вредности) изнесуваше: К-17,90%, H-17,73%, M-17,77  и H+M- 17,73%, додека при одредувањето на рандманот изнесуваше: К-12,67%, H-12,67%, M-12,53  и H+M- 12,50% (Табела 2).

Биолошкиот принос (слама + зрно), приносот на слама и приносот на суров ориз – арпа (зрно)  кај контролата и испитуваните варијанти по kg/m2 и kg/ha се прикажани во Табелите 3 и 4. Просечниот биолошки принос (слама + зрно) изнесува: К-25 816,67 kg/ha, H-24 100,00 kg/ha, M-28 283,33 kg/ha  и H+M- 28 830,00 kg/ha,  просечниот принос на слама изнесува: К-17 270,00 kg/ha, H-15 513,33 kg/ha, M-17 390,00 kg/ha  и H+M- 18 466,67 kg/ha, а просечниот принос на арпа во жетва изнесува: К-8 546,67 kg/ha, H-8 586,67 kg/ha, M-10 893,33 kg/ha  и H+M- 10 483,33 kg/ha.

 

Табела - 1. Влијание на ѓубривата HERBAGREEN, MEGAGREEN и нивното комбинирано дејство   врз висината на стеблото, должината на метличката и висината на цело растение кај оризот сорта San Andrea  во опитната 2015 година [cm]

Реден број

Висина на стебло - cm

Варијанта

Повторенија

Просек

I

II

III

1.

HERBAGREEN

95,30

95,30

93,50

94,70

2.

MEGAGREEN

98,30

95,20

94,40

95,97

3.

HERBAGREEN+ MEGAGREEN

94,80

93,50

96,00

94,77

4.

КОНТРОЛА

99,70

100,80

96,90

99,13

Реден број

Должина на метличка – cm

Варијанта

Повторенија

Просек

 

I

II

III

1.

HERBAGREEN

15,40

16,10

15,50

15,67

2.

MEGAGREEN

16,10

17,60

15,80

16,50

3.

HERBAGREEN+ MEGAGREEN

16,10

16,70

16,20

16,33

4.

КОНТРОЛА

15,50

15,40

15,40

15,43

Реден број

Висина на цело растение – cm

 

Варијанта

Повторенија

Просек

 

 

I

II

III

1.

HERBAGREEN

111,20

111,40

109,70

110,77

2.

MEGAGREEN

115,00

113,40

109,60

112,67

3.

HERBAGREEN+ MEGAGREEN

110,90

110,20

111,40

110,83

4.

КОНТРОЛА

115,00

115,30

112,10

114,13

I, II и  III- повторувања

 

Табела - 2. Влијание на ѓубривата HERBAGREEN, MEGAGREEN и нивното комбинирано дејство   врз бројот на продуктивни  братимки (метлички) по m2 , бројот на непродуктивни братимки по m2  и  хигроскопската влага на зрното кај оризот сорта San Andrea  во опитната 2015 година

 

Реден број

Број на продуктивни братимки (метлички) по m2

Варијанта

Повторенија

Просек

I

II

III

1.

HERBAGREEN

323

299

268

296,67

2.

MEGAGREEN

412

373

300

361,67

3.

HERBAGREEN+ MEGAGREEN

310

288

332

310,00

4.

КОНТРОЛА

308

317

309

311,33

Реден број

Број на непродуктивни братимки по m2 (зелени метлички, црвен ориз или др. сорти)

Варијанта

Повторенија

Просек

I

II

III

1.

HERBAGREEN

0

0

0

0

2.

MEGAGREEN

0

0

5

1,67

3.

HERBAGREEN+ MEGAGREEN

8

22

4

11,33

4.

КОНТРОЛА

0

0

8

2,67

Реден број

Хигроскопска влага при жетва и вршидба - %

 

Варијанта

Повторенија

Просек

 

I

II

III

1.

HERBAGREEN

17,50

17,80

17,90

17,73

2.

MEGAGREEN

18,00

17,50

17,80

17,77

3.

HERBAGREEN+ MEGAGREEN

17,90

17,80

17,50

17,73

4.

КОНТРОЛА

18,00

17,90

17,80

17,90

Реден број

Хигроскопска влага при одредување на рандман - %

Варијанта

Повторенија

Просек

I

II

III

1.

HERBAGREEN

12,70

12,40

12,90

12,67

2.

MEGAGREEN

12,70

12,40

12,50

12,53

3.

HERBAGREEN+ MEGAGREEN

12,40

12,30

12,80

12,50

4.

КОНТРОЛА

12,70

12,60

12,70

12,67

I, II и  III- повторувања

 

Табела - 3. Влијание на ѓубривата HERBAGREEN, MEGAGREEN и нивното комбинирано дејство   врз биолошкиот принос (слама + зрно), приносот на слама и суров ориз-  зрно по m2- кај оризот сорта San Andrea  во опитната 2015 година[kg]

 

Реден број

Биолошки принос (слама + зрно) по m2- kg

Варијанта

Повторенија

Просек

I

II

III

1.

HERBAGREEN

2,540

2,470

2,220

2,410

2.

MEGAGREEN

1,870

3,780

2,835

2,828

3.

HERBAGREEN+ MEGAGREEN

2,850

2,795

3,040

2,895

4.

КОНТРОЛА

2,505

2,895

2,345

2,582

Реден број

Принос на слама  по m2 – kg

Варијанта

Повторенија

Просек

I

II

III

1.

HERBAGREEN

1,578

1,551

1,525

1,551

2.

MEGAGREEN

0,942

2,430

1,845

1,739

3.

HERBAGREEN+ MEGAGREEN

1,825

1,775

1,940

1,847

4.

КОНТРОЛА

1,632

2,014

1,535

1,727

Реден број

Принос  на  зрно по m2- kg

 

Варијанта

Повторенија

Просек

 

I

II

III

1.

HERBAGREEN

0,962

0,919

0,695

0,859

2.

MEGAGREEN

0,928

1,350

0,990

1,089

3.

HERBAGREEN+ MEGAGREEN

1,025

1,020

1,100

1,048

4.

КОНТРОЛА

0,873

0,881

0,810

0,855

I, II и  III- повторувања

 

Табела - 4. Влијание на ѓубривата HERBAGREEN, MEGAGREEN и нивното комбинирано дејство   врз биолошкиот принос (слама + зрно), приносот на слама и суров ориз-  зрно по ha кај оризот сорта San Andrea  во опитната 2015 година[kg]

 

Реден број

Биолошки принос (слама + зрно) - kg/ha

Варијанта

Повторенија

Просек

I

II

III

1.

HERBAGREEN

25400

24700

22200

24100,00

2.

MEGAGREEN

18700

37800

28350

28283,33

3.

HERBAGREEN+ MEGAGREEN

28500

27950

30040

28830,00

4.

КОНТРОЛА

25050

28950

23450

25816,67

Реден број

Принос на слама -  kg/ha

Варијанта

Повторенија

Просек

I

II

III

1.

HERBAGREEN

15 780

15 510

15 250

15 513,33

2.

MEGAGREEN

9 420

24 300

18 450

17 390,00

3.

HERBAGREEN+ MEGAGREEN

18 250

17 750

19 400

18 466,67

4.

КОНТРОЛА

16 320

20 140

15 350

17 270,00

Реден број

Принос  на  зрно - kg/ha

 

Варијанта

Повторенија

Просек

 

I

II

III

1.

HERBAGREEN

9 620

9 190

6 950

8 586,67

2.

MEGAGREEN

9 280

13 500

9 900

10 893,33

3.

HERBAGREEN+ MEGAGREEN

10 250

10 200

11 000

10 483,33

4.

КОНТРОЛА

8 730

8 810

8 100

8 546,67

I, II и  III- повторувања

 

Просечната апсолутна маса (тежината на 1000 зрна суров ориз арпа) изнесува: К-39,00g, H-39,33g, M-37,67g  и H+M- 39,00g, а кектолитарската маса изнесува: К-51,33 kg/hl, H-51,50 kg/hl, M-51,30 kg/hl и H+M- 51,33 kg/hl (Табела 5).

Значајни разлики во апсолутната маса на зрното (тежина на 1000 зрна) и хектолитарската маса кај контролата и испитуваните варијанти не се утврдени.

 

Табела -5. Влијание на ѓубривата HERBAGREEN, MEGAGREEN и нивното комбинирано дејство   врз Апсолутна маса (тежина на 1000 зрна)- g  и хектолитарската маса на зрното- kg/hl кај ориз сорта San Andrea  во опитната 2015 година

 

Реден број

Апсолутна маса (тежина на 1000 зрна)- g

Варијанта

Повторенија

Просек

I

II

III

1.

HERBAGREEN

42,00

39,00

37,00

39,33

2.

MEGAGREEN

35,33

37,67

40,00

37,67

3.

HERBAGREEN+ MEGAGREEN

39,00

39,00

39,00

39,00

4.

КОНТРОЛА

39,00

39,00

39,00

39,00

Реден број

Хектолитарска маса на зрното- kg/hl

Варијанта

Повторенија

Просек

I

II

III

1.

HERBAGREEN

51,00

51,50

52,00

51,50

2.

MEGAGREEN

51,00

51,50

51,40

51,30

3.

HERBAGREEN+ MEGAGREEN

51,50

51,50

51,00

51,33

4.

КОНТРОЛА

51,00

51,50

51,50

51,33

 

 Рандманот (процентот на цели) зрна е добиен во лабораторија  на лабораториска рандманка при лупење (белење) на три проби од по 100 g суров ориз-арпа од контролата и испитуваните варијанти во време 1,40 минути, а добиените резултати за рандманот (% на цели зрна) и останатите фракции кои се добиваат при процесот на белење на арпата кај оризот се прикажани во  Табела 6.  Од овој приказ може да се види дека рандманот (% на цели зрна) изнесува: К-58,77%,  H-55,27%, M-57,93% и H+M- 57,80%.

Во Табела 7 сумарно се прикажани просечниот принос на суров ориз-арпа сведен на 14,00 % влага во зрното, рандманот (% на цели зрна) и приносот на бел ориз. Од овој приказ може да се види дека просечниот принос на суров ориз-арпа сведен на 14,00 % влага во зрното изнесува: К- 8 213,35 kg/ha, H- 8 266,39 kg/ha, M- 10 482,65 kg/ha  и H+M- 10 092,30 kg/ha или изразено во проценти изнесува:  К-100%, H-100,65%, M-127,63%  и H+M- 122,88%. Значи највисок принос на суров ориз е постигнат во варијантата во која оризот беше фолијарно третиран со ѓубривото Megagreen ( 10 482, 65 kg/ha,  што претставува зголемување од 27,63% во споредба со контролата) и во варијантата каде оризот е фолијарно третиран со комбинацијата од  Herbagreen + Megagreen (10 092kg/ha или зголемување од 22,88%)

Врз основа на рандманот (процентот на цели зрна) пресметан е приносот на бел ориз и истиот изнесува: К- 4 826,99 kg/ha, H- 4878,48 kg/ha, M- 6 072,60 kg/ha  и H+M- 5 833,35 kg/ha, односно изразено во проценти изнесува: К- 100%, H-101,07%, M-125,81%  и H+M- 120,85% (Табела 7). Највисок принос на бел ориз е постигнат во варијантата во која оризот беше фолијарно третиран со ѓубривото Megagreen ( 6 072,60 kg/ha,  што претставува зголемување од 25,81% во споредба со контролата) и во варијантата каде оризот е фолијарно третиран со комбинацијата од  Herbagreen + Megagreen (5 833,35kg/ha или зголемување од 20,85%).

 

Табела 6. Влијание на ѓубривата HERBAGREEN, MEGAGREEN и нивното комбинирано дејство   врз рандманот кај ориз сорта San Andrea  во опитната 2015 година[%]

 

Ред. број

Варијанта

 

 

Цели зрна

%

Скршени  зрна

%

Вкупно цели зрна + скршени зрна

%

Кредасти зрна

%

Ориз. трици

%

Плевици

(Лушпи)

%

1.

HERBAGREEN

55,10

7,90

63,00

1,80

11,70

23,50

54,90

7,70

62,60

1,90

12,30

23,20

55,80

7,00

62,80

1,80

13,90

21,50

Просек

55,27

7,53

62,80

1,83

12,63

22,73

2.

MEGAGREEN

57,20

6,80

64,00

1,00

11,60

23,40

59,30

6,40

65,70

1,90

11,60

20,80

57,30

7,80

65,10

1,00

10,70

23,20

Просек

57,93

7,00

64,93

1,30

11,30

22,47

3.

HERBAGREEN+ MEGAGREEN

58,30

6,80

65,10

1,50

11,00

22,40

57,50

5,70

63,20

1,50

13,30

22,00

57,60

6,80

64,40

1,30

11,30

23,00

Просек

57,80

6,43

64,23

1,43

11,87

22,47

4.

КОНТРОЛА

57,70

6,60

64,30

1,70

10,30

23,70

59,60

4,80

64,40

1,80

11,20

22,60

59,00

4,80

63,80

1,50

11,90

22,80

Просек

58,77

5,40

64,17

1,67

11,13

23,03

 

 

Табела -7 . Влијание на ѓубривата HERBAGREEN, MEGAGREEN и нивното комбинирано дејство   врз приносот на арпа,  рандманот и приносот на бел ориз (сумарно) кај ориз сорта San Andrea  во опитната 2015 година

 

Ред. број

Варијанта

Принос на арпа

(со14% влага)

kg/ha

 

 

Рандман

(Цели зрна

%)

Принос на бел ориз

kg/ha

Индекс од Контрола

1.

HERBAGREEN

8 266,39

55,27

4 878,48

101,07%

2.

MEGAGREEN

10 482,65

57,93

6 072,60

125,81%

3.

HERBAGREEN+ MEGAGREEN

10 092,30

57,80

5 833,35

120,85%

4.

КОНТРОЛА

8 213,35

58,77

4826,99

100%

 

 ЗАКЛУЧОК

 

Врз основа на горе добиените резултати за влијанието на фолијарните ѓубрива Herbagreen и Megagreen и нивното комбинирано влијание Herbagreen+ Megagreen може  да се заклучи дека фолијарното третирање на оризот со овие ѓубрива покажува позитивно влијание врз приносот арпа, рандманот и приносот на бел ориз кај оризот сорта San Andrea.  

 

 

  1. 04. 2016 год. Изготвиле

Проф. д-р Даница Андреевска

Проф. д-р. Добре Андов