Пред крајот на месец февруар и почетокот на месец март со порастот на средните дневни температури, се завршува фазата на мирување на вегетацијата на овошките и започнува фазата бабрење на папките. Со самото тоа започнува и интензивната заштита од болести и штетници.

Првото прскање односно зимското прскање се изведува со препарати на база на бакар во комбинација со различни минерални масла или со готови комбинации за таа намена.

Со зимското прскање се сузбива односно се намалува инфективниот потенцијал на предизвикувачите на болести и штетници.

На јаболкото и крушата се сузбиваат причинителите дамкавост на листот и чадливата краставост на плодовите ( фузикладиум). На фузикладиум осетливи се сите нови сорти на јаболко и сите сорти на круша. Болеста предизвикува краставост на плодовите и чадлива дамкавост на листовите.

Презимува во заразените и отпаднати листови под стеблото и во еден дел во стеблото на крушата. Рано на пролет се развиваат спори на габата излегуваат од почвата и преминуваат на младите листови на кои што предизвикуваат големи штети.  Затоа е важно да се изведе зимското прскање пред крајот на зимата, пред поретокот на вегетација као превентивно би ги заштитиле растенијата од примарните зарази.

Пепелницата го напаѓа редовно јаболкото и крушата. Болеста презимува на младите гранчиња кои имаат сиво пепелест изглед. При кроењето се препорачува одстранување на таквите гранчиња. Во фазата на бирување на вегетација може да се упштребуваат препарати на база на сулфур.

 Кај костенливото овошје се сузбива шуликавоста на листот и кадравоста на листот. Со зимското прскање се сузбиваат и некои облици на инсектите кои презимуваат ( штитести вошки, зимските јајца на црвен пајак, лисни вошки, крушкова болва)

Многу често заради ниските температури као и честите врнежи доаѓа до застој на вегетацијата, па ова прскање мора да се повтори пред отварање на папките, а кај костенливото овошје пред почетокот на цветањето.

Високите барања за квалитетот на плодовите на пазарот резултира со потреба од поголем број на прскања а тоа најповеќе се отсликува кај јаболкото.

Успешната заштита на овошките до крајот на цветањето е најдобар темел за добрата здравствена состојба во бербата.

Се употребуваат препаратите.

Funguran-OH WP

+

Belo maslo 95 AL