Сузбивање

Заради големиот број на генерации и големината на штетите кои ги предизвикуваат, со мерките за сузбивање на штетникот мора да се одпочне уште во почетните фази од развојот. Со покачување на температурата над 10ºС штетникот излегува од пукнатините и започнува со парење.  Токму тогаш терба да се изврши зимско прскање.

Во текот на вегетацијата задолжително треба да се тертира со инсектициди. Најдобрите резултати се добиваат при правовремено сузбивање на L1 и L2

Се употребуваат инсектициди Pyrinex (0,15% при појавата на првите единки), Nurele –D (0,1% – 0,15%), Envidor ( 0,6 л/ха при појавата на ларвите од L1 возраста) , Perfektion (0,1% – 0,2% за време на регистрирање на појавата.

Као најефикасни за сузбивање на крушковата болва се препаратите на база на Abamektin  и  Spirotetramat

Меѓутоа доколку заштитата од било кои причини не е изврешена правилно и навремено догаш доаѓа до масовен напад ос штетникот, симптомите брзо напредуваат, целото растение е покриено со медовина која заради големата количина која ја излачуваат ларвите почнува да капе од растението.

Во ваков случај потребно е да се извршат посебни мерки на сузбивање кои моараат да се извршат по строго определн редослед и во стреого утвредени интервали. Третирањето со некој од горе наведените инсектициди во ваков случај нема да вроди со резултат.

Медовината која е присутна на растенијата го спречува прилепувањето на инсектицидите за растението  како и заради бројноста на колониите  инсектицидите ја немаат потебната ефикасност.

Првата мерка која терба да се превземе е перење на растенијата од медовината.

На 100 литра вода се става едно до две литра сјај. Со овој раствор се врши бањање на овошките . Овошките треба да бидат избањати како кај зимското прскање. Потоа се врши испирање со голем волумен на чиста вода. Со оваа операција се постигнува испирање на медовината со што му се дава простор за делување на инсектицидот.

Веднаш се пристапува со третирање со препарат на база на Abamektin во количина од 0,75 л на хектар. Со ова се постигнува јако иницијално дејство. Меѓутоа препаратот делува иницијално но краткотрајно. Доколку се остене само на ова симптомите ќе се вратат по неколку дена.

Затоа е потребно да се изврши уште едно тертирање после пет дена со препаратот на база на Spirotetramat (Movento) во количина од 1,5 л на хектар. На растворот се додава бело масло 300 мл на 100л вода заради подобро делување на препаратот. Препаратот Мовенто делува и на болвите кои шмукаат на поврешината на младите избои.

Доколку заштитата се изврши правилно и по редослед тогаш е доволно едно третирање да се реши нападот.

После извршеното третирање насадот е чист а растението го продолжува својот развиток.

насад во кој е вршена редовна заштита против лисна болва со Movento