Болестите на Доматот можат да се поделат во неколку групи во зависност од тоа кој ги предизвикува. Предизвикувачи на болести кај доматот можат да бидат :

  • Болести предизвикани од габи
  • Болести предизвикани од бактерии
  • Болести предизвикани од вируси
  • Непаразитски болести
  • Болести предизвикани од недостиг на некој хранливи материи
  • Болести предизвикани од штетници

Болести на доматот во расад предизвикани од габи:  

 

Pythium spp., Rhizoctonia solani, Phytophthora spp;

 

За време на производството на домат од расад може да дојде до појава на големи штети на никулците и на младите растенија. На надземниот дел на никулецот на местото каде што никулецот ја стеблото ја допира почвта или неколку милиметри над се јавуваат воденасти пеги. Понатаму на ова место ткивото се суши некротира и изумира. Разболените растенија се топат и изчезнуваат во кругови. Основните причини за појава на овие заболувања се високата влага на супстратот или почвата, високата воздушна влага, висока или ниска температура на почвата и воздухот, слабо осветлување и голема густина на посевот.

Мерки за сузбивање на болестите во расадот на домат

Да се створат оптимални услови за никнење и раст на расадот домат, превентивно третирање со фунгициди.

  • Пламеница (Phytophthora  infestans)

 

Причинува големи штети во производството на домат. Со оглед на фактот дека болеста при поволни услови болеста се развива брзо и ја уништува најголем дел од лисната маса на доматот, загубите на приносот и квалитетот се огромни. Првите симптоми на надземните делови се јавуваат кај листовите на доматот. На листот дамките се светло зелени и воденасти. Набрзо после првите симптоми целиот лист е зафатен со некроза и се суши. Потполна дефолијација и пропаѓање на листовите се случува за 10 – 14 дена. Некрозата се шири и на стеблото и плодовите. Првите зарази настануваат на долните листови од каде што при поволна влага брзо се шири нагоре по стеблото и плодовите. Заболените плодови многу бргу пропаѓаат и се нападнати од секундарни инфекции на други паразитски болести.

 

 

 

 

 

 

 

Редовно мора да се извршуваат хемиски мерки на заштита на доматот 

  • Црна дамкавост (alternaria solani)

Овој паразит ги напаѓа сите надземни делови на доматот при што предизвикува големи штети, паразитот ги напаѓа плодовите на доматот со што се намалува приносот и квалитетот.

 

Првите симптоми се јавуваат на долните и најстарите листови

 

 

 

 

 

Дамките на почетокот се темно кафеави со некротирано ткиво. Симтом што е карактеристичен за оваа болест се карактеристични концетрични кругови во зоната на дамките  (како кодовите на пресекот од стебло дрво). На листот на почетокот пегите се ситни со неправилен облик , покасно станувата помалку или повеќе округли со концетрични кругови во внатрешноста со прешник 1 – 1,5 цм и често се опкружени со хлоротичен круг. Пегите на стеблото се со овален облик поголеми по површина и се простираат подлабоко во внатрешноста на ткивото. Ваквиот развој доведува до венеење на растението.

 

Агротехнички мерки и Хемиска заштита 

 

 

  • Сива мувла ( Fulva fulva, sin Cladosporium fulvum)

Оваа болест се јавува воглавно на доматот оддгледуван во пластеници и стакленици. При поволни услови може да предизвика големи штети. Болеста се јавува воглавно на листовите а ретко се јавува на стеблото,плодот и цветовите на доматот. На лицето на листот прво настануваат светлозелени или жолтозелени пеги со нејасни рабови. Покасно зафатеното ткиво некротира и добива темна боја. Во исто време од долната страна на листот габата формира густа темна сивокафеава превлака. О зголемување на некротираната површина листот се свиткува суши и паѓа.

 

 

 

 

 

Регулацијата на температурата и влагата претставуваат превентивни мерки на борба против оваа болест.

 

Хемиски мерки на заштита

  • Сива пегавост ( Septoria lycopersici)

 

Се јавува на површината на листот во вид на ситни округли дамки. Дамките во средината се сиви а по ивиците темнокафеави. Во средината на дамката јасно се запазува црна точка.Често доаѓа до спојување на дамките, листот се собира, суши и паѓа. Првита симтоми се јавуваат на постарите листови а потоа се шират нагоре. Првите зарази можат да настанат многу рано уште во расад. Високата влажност на почвата и воздухот како и температури помеѓу16 и 27 степени се погодни за развој на овој паразит. Во вакви ситуации растението на доматот може да остане без лисна маса. Со мерките на заштита треба да се почне уште во расадот.Заразата се воочува на остатоцоте од закинатите филизи на стеблото, на венечните листови после оплодување на цветовите на рачките и на ткивото на зелените плодови. Посебно се опацни инфекциите на приземниот дел на стеблото као и на местото каде што рачката го допира плодот. Во услови на висока влага на местата на инфекција се образува сивкаста превлака на мицелијата. Заразеното ткиво го зафаќа влажна трулеж и пропаѓа. Како последица на развојот на болеста на надворешното место на плодот и дршката доаѓа до омекнување на ткивото и плодот паѓа. Ниските темпаратури проследени со висока влажност и погодуваат на развојот на болеста.

 

 

 

 

 

Хемиски мерки на заштита

  • Сиво гниење ( Botrytis cinerea)

Сивото гниење се јавува на доматот во услови на пластеничко и оранжериско производство, а поретко во полски услови. Може да направи голема штета, може да се јави и на расадот каде што предизвикува сиптоми кои се исти како и кај топењето на расадот

 

 

 

Хемиски мерки на заштита

  • Бело гниење (Sklerotlinia sclerotiorum)

 

Нанесува големи штети ви пластеничко и оранжериско производство на домати во услови на продолжено влажно и ладно време пропратено со висока влажност на почвата.

 

Хемиски мерки на заштита

 

  • Венење на растенијата (Fusarium oxysporum lycopersici, verticiliim spp)

Оваа болест се јавува при одлледување на доматот во затворен простор и на отворено на осетливи сорти на домат. Венењето го предизвикуваат неколку паразитни габи кои се задржуваат во растителните остатоци. Болеста може да се воочи уште во леите за производство на расад. Најважните симтоми се јавуваат уште во вид на хлороза на долните листови во време на формирањето на плодовите. Најсигурен начин за утврдување дали се работи за вертицилиозно или фузариозно венење е следниов. Кај verticiliim spp  растенијата во текот на денот се ивенати го губат тургорниот притисок изледаат како да се за вода. Во текот на ноќта и утрото растенијата се свежи и не одаваат впечаток на болест. Симтомте се поизразени при ладно време и недостиг на светлина. Во оваа фаза на болеста постои шанса за лечење. Кај  Fusarium oxysporum lycopersici растенијата венеат и во текот на ноќта и утрото растенијата се овенати. Болеста се јавува при високи температури и на песокливи и кисели почви. Прогнозите се неповолни.

Паразитите продираат во коренот а потоа во стеблото со што ги запушуваат спроводните садови заради што доаѓа до спречување на водата и хранливите материи заради што доаѓа до овенување. Може да биде зафатен само одредено стебло на растението.

 

На попречен пресек на растенијат од домат се забележува затемнување на свнатрежноста на стеблото која се жири нагоре по внатрежноста на стеблото.

 

 

 

 

  • Црна пегавост на листот и краставост на плодовите на доматот (Pseudomonas syringae pv. Tomatо)

 

Се јавува на сите заразени листови на надземните делови на доматот, првите симтоми се појавуваат на долните листови во вид на темно зелени пеги, со влажен изглед, опкружени со хлоротичен ореол. Ткивото во внатрешноста на пегите изумира добивајки темнокафеава боја. Со  појавата на поголем број на пеги листот жолтее и паѓа. Темни и влажни пеги се јавуваат и на дршките на листовите и плодот. Најкаректеристични промени настануваат на младите несозреани плодови. На површината на плодот се образуваат сјани црни пеги. Околното ткиво е незначително оштетено и при зреењето добива жолта наместо црвена боја. Со спојување на пегите доаѓа до застој на порастот на околните ткива и деформации на плодот. Извор  на инфекција е семето и остатоци од заболените растенија. Температурата од 17 – 25 °C и зголемената влажност представуваат предуслов за појава на оваа болест.

 

 

 

  • Бактериозна краставост на на плодовите на доматот. ( Xanthomonas campestris pv vesicatoria)

 

Во текот на летото може да дојде појава на масовна инфекција на плодовите. На листот се воочуваат мали важни и масни пеги со неправилен облик. Со текот на времето средината на пегата добива темна, а периферниот дел темновиолетова боја. Дамките се шират и спојуваат а заболените ткива се кршат и паѓаат. На стеблото може да се забележат влажни темнозелени пеги со неправилен облик, кој формираат прстен и сушење на врвот на стеблото. Најизразени се сиптомите на плодовите на доматот. Дамките на незрелите плодови на почетокот се многу ситни темно зеленокафеави. Со ширењето на дамките ткивото постанува темно а во средината се забележуваат sвездати пукнатини, настанатите промени неправилно се развиваат и добиваат карактеристичен облик на красти. Заболените плодови се деформираат и потполно изумираат.

 

 

 

Хемиски мерки на заштита

  • Бактериско венење и kанцер на доматот (Clavibacter michiganensis subsp michiganensis )

 

Од оваа бактериоза може да заболи доматот одгедуван во заштитен простор како и на отворено во текот на целиот вегетационен период, при што доаѓа до изумирање на цели растенија и влошување на квалитетот на плодовите. Инфекцијата настанува низ природните отвори или на механички повредените места. Бактеријата се шири со капките од дождот, облеката како и при изведување на разни операции во платеникот при што човекот ја пренесува инфекцијата од здравите на болните растенија. Венеење на поединечни гранчиња како и на целото растение настанува како последица на присуството на бактеријата и нејзиното ширење низ спроводните садови. Карактеристични симптоми се пегавост на листот, а еден од карактеристичните симтоми и најпрецизен за дијагностицирање на болеста е на плодот, темни флеки со бел ореол. На степлото, и дршките на листовите и на плодот се јавуваат пеги во чиј оквир ткивото пука и се претвара во рани.

 

 

 

 

 

 

Хемиски мерки на заштита

  • ВИРОЗИ

Вирусите се шират многу лесно со изведување на агротехничките операции, посебно доколку во близина се наоѓа извор на заразата и ако постои миграција на инсекти.

 

 

  • Вирус на мозаикот на тутунот на домат (Tobacco mosaic virus)

 

Се јавува на младите растенија, листовите се издолжуваат и стануваат копјести. На старите растенија исто се јавува мозаик без деформација на листовите. Разболените растенија со текот на стареењето привидно заздравуваат меѓутоа и понатаму се заразени и даваат неквалитетен и намален принос.

  • Вирус на мозаикот на краставицата (Cucumber mosaic virus)

 

Првите симптоми на болеста предизвикани од вирусот се јавуваат на постарите листови во вид на благо шаренило. Покасно развиените изданоци се подложени на длабоки морфолошки промени и добиваат кончест изглед. Заболените растенија заостануваат во порастот , закржлавени со споени коленца. Цветовите им се се стерилни и формираните плодови се ситни и чести со слаб квалитет. Од заразените на здравите растенија вирусот се шири со растителниот сок што е значајно кај расадот и со лисните вошки.

 

 

 

  • Вирус на бронзана некроза на доматот (Tomato spotted wilt virus)

 

Почетните симптоми на на болеста се задебелување на нервите на младите листвови на кои можат да се јават и некротични прстенасти пеги. Младите заразени листови се виткаат надолу и стануваат крути. Стеблото се свиткува и скратува со што растението добива жбунест изглед. Типичен симптом на болеста е бронзенаста некроза која прво се јавува од долната страна на листовите, апотоа се шири по целиот лист. На плодовите настануваат бели зони обвиени со концетрични кругови.

 

 

 

 

НЕПАРАЗИТСКИ БОЛЕСТИ

  • Гниење на врвот на плодовите домати

 

На врвот на плодот се развива смеѓа или црна пега .Основна причина претставува недостигот на калциум во периодот на интензивен раст и развој на плодот. Нееднаква влажност на почвата пропратена со високи температури и прекумерна доза на азот во таа ваза го потенцира развојот на симтомите.

 

 

 

премини на наредна страница