Полегнување на расадот

(Rhizoctonia solani)

Симптоми,

Бидејќи Rhizoctonia solani живее во почвата, може да го нападне само што никнатото растение и на тој начин да предизвика полегнување. Може да ги нападне и листовите на веќе возрасни растенија. Инфекцијата настанува преку листовите кои се во контакт со почвата, и така настанува примарната инфекција. На местото на инфекцијата настануваат долгнавести пеги кои во почетокот се мали долгнавести а покасно се шират на рачката и опачината  и ја зафаќаат главната жила на листот. Оштетеното место има кај ендивијата темносмеѓа а кај салатата светло смеѓа боја.мицелијата не се гледа со голо око но можно е на рачката и опачината на листот да се формираат сплескани смеѓи склероции.

Биологија и заштита

Заштита

Третирањето на семето е прва заштитна мерка, бидејки воглавно семето не е третирано. Во заштитен простор потребно е и да се изврши дезинфекција на почвата.

(Phithium spp)

Неколку соеви на Phithium spp можат да ги нападнат младите растенија и да предизвикаат полегнување. Phithium spp може да паразитира и на веќе возрасни растенија. Симптомите на возрасните растенија се надворешно црвенило пропратено сео венење на надворешните листови. Нападнатите растенија престануваат да растат.розетата останува мала. На надолжен пресек се гледа дека централниот цилиндар е со темна боја. Бидејќи е нападнат врвот и секундарните корени паразитот не се населува во внатрешноста на коренот.

Биологија и заштита

Важно е да се напомене дака прекумерно ѓубрење со амонјачен азот може да предизвика слични симптоми на возрасните растенија.

 

Бело гниење

(Sclerotinia spp)

Болеста ја предизвикуваат две габи Sclerotinia minor и Sclerotinia sclerotiorum,

Болеста редовно се јавува при одгледување во заштитен простор. Може да предизвика штети и на отворено доколку не се применува плодоред.

Симптоми,

Заразата по правило започнува во зоната на кореновиор врат. На местото каде што габата навлегла во растението настанува меко гниење.  Заради тоа целата главица го губи тугорот. Доколку таква главица се обидеме да ја подигнеме таа лесно се одвојува од коренот, кој останува во почвата. Често на оној дел на главицата кој е завртен спрема почвата може да се примети мицелија во облик на памук во чија внатрешност се наоѓаат склероции. Гниењето на коренот на салатата настанува во сите фази на развој но најчесто се јавува пред технолошка зрелост.

Биологија

Двете габи имаат ист циклус на разво со тоа што имаат различен облик на склероции Sclerotinia minor има склероции 0,5-2мм, а Sclerotinia sclerotiorum, има долгнавести и сплескани склерции со големина од 3-9мм. Во облик на склероции габата може да преживее долг низ на години во почвата а во облик на мицелија може да преживее одреден период како сапрофит и во одреден момент да изврши инфекција на здравото растение. Двета габи скаат лесни проветрени почви во кои не се собира вишок на вода. Зголемената количина на вода е поврзан со собирање на боголема количина на СО2, а во такви почви ове две габи не се развиваат.

Заштита,

Задолжително треба да се спроведуваат мерки што го намалуваат заразниот потенцијал на на габата, собирање на растителните остатоци, дезинфекција напочвата. Хемиската стерилизација не е доволна бидејќи со неа се уништува мицелијата но не и склероциите. Најдобри резултати дава правилна стерилизација со водена пареа.

Хемиски мерки на заштита

Pirimetanil  300 g/l

Fenhexamid  500 g/l

Пламеница

(Bremia lactucae)

 

 

Растенијата се осетливи во сите развојни стадиуми. Штотуку развиените котиледони можат да бидат нападнати. Котиледоните како и првите прави листови можат да бидат потполно прекриени со конидии и конидиофори.. заради болеста венат штотуку изникнатите растенија. Растенијата кои започнале да формираат главица се ретко нападнати. Оштетувањата се со различна големина бидејќи се ограничени со нерватурата на листот. Тие места во почетокот се светло зелени до жолти. На постарите листови оштетувањата се хлоротични, потоа потемнуваат, стануваат некротични  и суви.

На листовите се јавуваат неколку видови на симптоми кои може да се распределат во неколку групи.

  1. Типични лезии со спорулација надолната страна од листот.
  2. Дифузни лезии видливи од двете старни на листот.
  3. Широки лезии.
  4. Мали аглести некротични оштетувања.
  5. Повреди со спорулација на листот и на неговата опачина.

Различни типови се јавуваат заради различна осетливост на поедини видови и сори, како и заради климатските разлики во времето на појава на болестите.

Заразата може да биде и системична. Системично заразените растенија се пониски. Се појавуваат темносмеѓи повреди на местото каде што листовите се споени со стеблото.

Биологија,

Најчесто на опачината на листот настануваат дихотоно разгранети конидиофори.кои се завржуваат со разгранување во вид на шака, со 5-6 стеригми на кои се наоѓаат конидиите. Конидиите настануваат ноќе кога е релативната влажност е висока  (80-100)% а ноќните температури се помеѓу 18 и 20 °С. Дневната светлина го оневозможува овој процес. Со помош на конидиите заразата се шири од здрави на болни растенија.конидиите може да никнат на температура од  +2 до 28-31°С. Оптималната температура е 10°С. За никнење на конидиите е неопходна капка вода.

За два до три саати во оптимални услови  хифата ја пробива кутикулата со помош на ензими и механички и навлегува во клетките на епидермисот. Пет до 14 дена по настанатата примарна зараза што зависи од сортата и климатските фактори повторно настануваат конидии и конидиофори. Во животниот стадиум познат е и стадиум на оогонии како резултат на спојување на антеридии и оогонии настануваат ооспри со кои габата се пренесува од година во година.

Заштита

Fosetil – aluminium  800 g/kg

propamokarb-hidrohlorid+fluopikolid

 

Прстенаста пегавост

(Alternaria cichori)

 

На надворешните листови настануваат овални продолжени пеги во кои се забележуваат неколку прстени. Пегите се смеѓи со нерамни рабови. Доколку на листот настанат повеќе пеги, а поволните климатски прилики за развој на паразитот траат подолг временски период пегите се зголемуваат и спојуваат, заради што листот расте неправилно и жоплтее. Заради ова пропаѓаат поголем број на листовите во розетата. Слични симптоми на салатата предизвикува и Stemphylium botryosum. Прстенастите пеги по правило се помали и потемни од оние кои ги предизвикува Alternaria.

Биологија,

Двата паразити се пренесуваат со семе и со заразени растителни остатоци. Заразите настанувааат на температура од 10-13°С и висока влага.

Заштита

Tebukonazol   250 g/l

Смеѓа дамкавост

(Marssonina panattoniana)

 

Симптоми

Болеста најпрво се јавува на старите листови преминувајќи постепено на внатрешните листови на розетата. Листот може да биде нападнат на било кое место но најчесто заразата настанува на главниот нерв или во негова близина.на местото на заразата настануваат водени зони кои добиваат жолта а потоа смеѓа боја и се оивчени со црвенкаст раб. Повредите во почетокот имаат овален облик и како се шират према нервите стануваат аглести. Често на листовите зафатени со болеста се населуваат сапрофитни паразити по што целиот лист скапува. Кога нападот е јак целото растение заостанува со порастот.

Биологија,

Паразитот се пренесува од една во друга вегетација со заразени растителни остатоци од културните растенија како и со остатоци од дивите растенија од Lactuca како и со семе. За развој на паразитот најповолна е температура од 20°С. Тогаш периодот на инкубација трае 4 дена. На температури повисоки од 28°С спорите не никнат.

Заради тоа паразитот ги прави штетите на ладно и влажно време.

Заштита,

Propineb     +
Cimoksanil  

Fosetil-aluminium   +
Fenamidon   

Сиво гниење

(Botrytis cinerea)

Симптоми,

Оваа габа ги напаѓа салатата, ендивијата и радич во сите развојни стадиумикако и ви транспортот и складиштењето.

Кога ќе се зарази поникот младите растенија полегнуваат. Прв знак за настанатата зараза е појва на воденаста бега во долниот дел на листот или стеблото. Пегата станува хлоротична и наскоро заразеното место се превлекува со мицелија. Доколку е нападната зоната на кореновиот врат целото растение пропаѓа. Често заразата започнува од делот на листот кој пред тоа бил оштетен. Кога времето е влажно болеста се шири навнатре во главицата и предизвикува скапување на листовите на кои се јавува мицелија. Доколку после поволниот период за развој на габата настане сув период, нападнатите делови се сушат добивајќи светло смеѓа боја а во ткивото можат да се видат светло сиви до црни склероции.

Биологија,

Бидејќи Botrytis cinerea живее на изумрените растителни отпадоци како сапрофит, конидии има секаде и можат да извршат инфекција штом се создадат поволни услови за тоа. За зараза потребна е релативна влажност од 85%.  Температурата има мало значење бидејќи Botrytis cinerea се развива на температура од 0-35°С.

Болеста се пренесува преку семе која во облик на мицелија или склероции доспеваат до семето.

Под називот Botrytis cinerea се подразбира збир на морфолошки конидиски стадиуми кои е тежко да се оделат па поисправно е да се зборува за група на Botrytis cinerea. Внатре во групата некои единки можат да нападнат поголем број на видови додека некои се специјализирани само за одредени видови на растенија.

Заштита,

Заради тоа што паразитот е присутен насекаде, потебно е да се придржуваме до агро техничките мерки, задолжително исфрлање на растителните отпадоци, дезинфекција како и контрола на релативната влажност.

Кога се врши хемиска заштита на растенијата задолжително да се употреби поголема количина на течност со што би се истретирале и тешко достапните делови на растението. Најдобро е да се врши превентивна заштита пред затварање на главиците ( кај главичести сорти) со што препаратот би бил присутен секаде.

Pirimetanil  300 g/l

Fenhexamid  500 g/l

 

Рѓа на салатата

(Puccinia opizii)

 

 

 

На горните страни налистовите настануваат жолти мали сјани точки спермагонии. На опачината налистот на истото место се појавуваат жолти пастули. Кои кога ќе распукаат од нив се расејуваат ецидиоспори во облик на жолт прв. П опизии е  хетерециска габа т.е потребни се два домаќина за полн животен циклус. Стадиум ецидии Aecidium lactuce се развива на родот Lactuca, Sonchus, Crepis а телеуто стадиум на Carex.

БАКТЕРИСКИ БОЛЕСТИ

Бактериска ивична болест

(Pseudomonas marginalis pv. Marginalis)

На пабовите од надворешните листови на розетата настануваат тесни темни пеги. Болеста не се манифестира секојпат на најстарите листови но по правило секојпат се нападнати листови со иста возраст. Во зоната на настанатите оштетувања и околу нив проводните садови се темни. Кога влажниот период ќе потрае подолго време болеста се шири не само на заразените листови туку и на стеблото кое скапува. Ако настане подолг сушен период по настанување на инфекцијата нападнатото место се суши.

Бактериско гниење на внатрешноста на листовите

(Pseudomonas cichorii)

По правило симптомите се јавуваат на внатрешните листови од розетата, во облик на ситни пеги кои постепено се зголемуваат и достигнуваат 1-2см во дијаметар. Повредите можат да настанат на работ на листот како и измеѓу главните нерви.зависно од тоа на кое место е настаната заразата. Повредите на ивиците од листот се полукружни и симетрични и можат да го опфатат целиот лист. Кога нападот ќе започне повредите се смеѓи без промена на козистенцијата а покасно стануваат темни и меки.

Бактериско гниење на листовите и стеблото

(Xanthomonas campestris pv. Vitians)

На рабовите на листовите настануваат штети во облик на буквата V. Повредите со тек на време се зголемуваат така што можат да заватат и половина лист.

Заштита,

Бактериските болести тешко се сузбиваат и затоа треба да се обрне внимание на други превентивни можности за нивно спречување., како употреба на здраво семе, воведување на плодоред, избегнување на прекумерна  влага, правилен избор на сорта. Од хемиските мерки на заштита единствено препаратите на база на бакар хидроксид имаат дејство на бактериите, но не сите сорти поднесуваат прскање со бакар.

 

ВИРУСНИ БОЛЕСТИ

Вирус на мозаикот на салатата

(Lettuce mosaic Virus)

Прв знак на зараза е осветлување на нервите, а површинските листови кај некои сори имаат слаткаст сјај. Покасно се појавува мозаик на листот. Во зимските месеци можат да настанат мали некрози на листовите. Доколку заразата се појави рано, внатрешните листови се закржлавени и збиени, а главиците воопшто не се формираат.

Вирусот се пренесува со семето и со лисни вошки на неперзистентен начин. Семето добиено од заразени растенија содржи 1-15% заразени семки. Во пренесувањето на вирусот од генерација на генерација  улога имаат и други растенија од а псебнп цвеќињата, циниа, астра и цинерариа. Затоа  не е добро да се одгледува цвеќе во близина на салатата.

 

Вирус на мозаикот на краставицата

(Cucumber mozaik virus)

Салатата е еден од многубројните домаќини на овој вирус.он предизвикува мали некроз долж нервите на листот а потоа се појавува мозаикоѕ па потсеќа на Lettuce mosaic Virus. Заради тоа е тешко да се разликуваат по симптомите. Заразените растенија заостануваат во растот. Може да има истовремана зараза од мозаикот на краставицата и мозаикот на салатата. Тогаш растенијата се со џуџест раст и се покриени со изразени хлорози и некрози на листот. Вирусот не се пренесува со семе но се пренесува неперзистентно со лисни вошки.

 

Вирус на задебелување на жилите на салатата

(Big Ben Virus)

Болеста се манифестира на младите растенија, но на возрасните растенија симптомите се впечатливи. Жилите на листот се абнормално зголемени. Вирусот го пренесува габата Olpidium brassicae. Таа живее во почвата и на коренот на другите растенија од каде што може да предизвика инфекција на салатата.

Бодејќи за развој на Olpidium brassicae е потребна вода, потебно е да се избегнува обилно залевање. Дезинфекција на почвата е превентивна мерка против овој причинител.

Заштита,

Правовремено треба да се cузбиваат лисните вошки,

Imidacloprid

Thiackloprid +

Deltamethrin