Бактериски рак Pseudomonas syringae PV. Syringae и Pseudomonas syringae PV. Morsprunorum .

Се смета за една од најопасните болести на костенливото овошје, а се појаува на сите видови од родот Prunus. Знаците на болеста се јавуваат на гранките и кората на стеблото во вид на рак рани или хипертрифии на ткивото пропратено со обилно излачување на смола. Не ретко доаѓа и на целосно уништување на насадите бидејќи нема ефикасни мерки кога болеста еднаш ќе го нападне насадот.  Бактерискиот рак ае предизвикан од бактеријата

Бактериите презимуваат во кората, во папките или во васкуларниот систем на растението. На пролет бактрериите се размножуваат и се шират со ветер и со дожд на здравите цветови и листови. Патогенот може да живее во епифиточна фаза односно да е присутен на растителните ткива без да прдизвика симптоми. Патогенот може да биде присутен во епифиточна фаза и на плевелната растителнос. Во текот на пролета и летото преку стомите тие навлегуаат во листот кои при неповолни услови ладно и влажно време  се рамножуваат се движат по васкуларниот систем и предизвикуваат симптоми на заболување. 

Разидба и палење на заболените органи од растението

Здрав посадочен материјал

Есенско и рано пролетно третирање со препарати набаза на бакар хидроксид.

Премачкување на стеблата со мешавина од вар и бакар хидроксид.

Избалансирана исхрана со азот и калиум